Интересна комбинација која сигурно ќе ви се допадне!
Состојки:
- 500 гр печурки
- 250 гр мелено месо
- 100 гр презла
- 2 јајца
- 1 жолчка
- маслиново масло
- 2 лажици брашно
- сол, бибер
Начин на подготовка:
- Меленото месо измешајте го со жолчка, побиберете и посолете. Измијте ги печурките, па издвојте ги од дршките. Посолете ги капаците и наполнете ги со смеса од месо, па затворете со кругови отсечени од дршките.
- Полнетите печурки извалкајте ги во смеса од јајца, брашно и презла, па пржете ги на врело масло додека не поруменат.
- Послужете со омилениот сос.
На здравје!
Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк
Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна
Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири
Направете домашен песто сос со тестенини
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Италијанско предјадење за цело семејство