Денеска е Св. Алимпиј Столпник.Овој чудесен Алимпиј се роди во Хадријанополис, во Пафлагонија. Првин беше ѓакон во катедралната црква на градот, а подоцна се повлече и се настани на некои елински гробишта, што се наоѓаа надвор од градот. Таму изгради црква, а до црквата висок столб, па се искачи на стобот и таму помина 53 години во пост и молитва. Овој чудесен столпник му стана така светилник на светот. Подоцна, од двете страни на столбот се формираа два манастира, еден женски и еден машки, со кои управуваше свети Алимпиј. Се упокои, или поточно речено, премина во вечниот живот во 640 година, на 100-годишна возраст.
Се верува дека овој светец лекува од сите болести и дека е заштитник на стоката.
Се смета дека денеска на трпезата да во куќата да има мир и благосостојба, никако не смее да се најде телешко месо.
ВИДЕО: Сите полудеа по овој рецепт – од сега ќе правите само вакви компири
ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
Гнездо од компири со селско месо