Подгответе вкусни плескавици од пилешко месо…
Состојки:
- 2 парчиња пилешко филе
- 1 праз
- 2 главици кромид
- 1 лажица вегета
- сок од половина лимон
- малку масло
Начин на подготовка:
- Исечкате го кромидот и ставете го да се пржи. Додајте сечкан праз, измешајте па проржете. Тргнете го на страна да се излади.
- Сомелете го пилешкото пиле, па во масата исцедете половина лимон и добро соединете, додајте лажичка зачин.
- Откако кромидот добро ќе се излади соединете го со пилешкото месо и правете топчиња, односно плескавици.
- Потоа на фолија или тацна оставете ги плескавиците да отстојат десетина минути.
- Рерната загрејте ја на 200 степени, па плескавиците наредете ги во плех и печете ги на 220 степени 20 минути.
Добар апетит!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Фантазија рецепт: Крањска со зеленчук
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат