Од ова тесто можете да правите различни пецива.
Состојки:
- 1200 гр брашно
- 3 дл масло
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 50 гр свеж квасец
- 500 мл млеко
- за полнење: виршли, сирење, шунка…
Состојки за премачкување:
- 1 јајце
- сусам
- ким
- крупна морска сол
Начин на подготовка:
- Квасецот издробете го во сад, додајте шеќер, 1 лажица брашно и малку млеко. Измешајте, прекријте со крпа и оставете квасецот да надојде. Потоа додајте го останатото млеко, маслото, брашното и сол. Месете кратко и оставете го тестото двојно да се зголеми.
- Потоа премесете и откинувајте мали делови, секое парче тесто премесете го и развлечете го во должина. На еден крај од тестото ставете исечени ленти виршла, шунка или сирење. Свиткајте, краевите залепете ги и редете во намастена тепсија. Секое стапче премачкајте го со масло, посипете го со ким или сусам и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Погледнете го видеото со детално упатство:
Брзо и освежително: Смути од шумски плодови
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Повеќе рецепти за десерти тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки