Ви ја откриваме тајната за најпопуларното босанско јадење, сараевските ќебапи.
Во продолжение ви донесуваме рецепт како сами да направите смеса за сараевски вкусни ќебапи. Поентата е во доброто месо, начинот на подготовка и смесата да отстои.
Состојки:
- 1,5 кг мелено јунешко месо
- 1/2 кг јагнешко месо
- 4-5 чешниња лук
- сол
- 2 лажици сода бикарбона
Начин на подготовка:
- Месото исечено на коцки добро посолете го, измешајте и прелијте го со 100 мл вода и лук кој претходно сте го свариле.
- Измешајте ја смесата па оставете ја во фрижидер преку ноќ.
- Смесата наредниот ден сомелете ја во машина за мелење месо два пати, оставете ја да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.
- Во смесата, пред да почнете да обликувате ќебапи, измешајте сода бикарбона.
- Уживајте во вкусните и сочни ќебапи.
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо