Вистинската проја се прави од само три состојки: крупно мелено пченкарно брашно, сол и вода, без додавање на сирење, месо и слично. Еве еден рецепт за вистинска селска проја.
Состојки:
- 400 гр крупно мелено пченкарно брашно
- 220 мл млака вода (во која е разматен половина кесичка прашок за пециво)
- 1 рамна лажичка сол
- маст (или масло) за намастување
Начин на подготовка:
- Во брашното ставете ја млаката вода со разматен прашок за пециво и додајте една лажичка сол. Масата треба да биде нешто погуста од тесто за палачинки.
- Измешајте и ставете ја смесата во тепсија намастена со маст (ако постите со билно масло) ставете во загреана рерна на 230 степени, околу 15-20 минути.
- Испечената проја пропрскајте ја со вода, прекријте ја со кујнска крпа и оставете ја да се излади.
- Изладената проја исечете ја на коцки или триаголници и послужете наместо леб, со сарма, расол, полнети пиперки, јогурт или кисело млеко.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)