Брз диетален чоколаден колач: Уживајте без грижа на совеста!

Брз диетален чоколаден колач: Уживајте без грижа на совеста!

Чоколадниот колач за многумина е омилен десерт, но ваквите десерти често се многу тешки, заситни и преполни со шеќер и празни калории. Ако сакате да испробате експресна верзија на популарниот десерт, направете го овој диетален чоколаден колач.

Состојки (прва група):

  • 3/4 шолја брашно
  • 1 шолја шеќер (кафеав или кокосов)
  • 2 полни лажици какао во прав
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 3/4 лажички сода бикарбона

Состојки (втора група):

  • 1 јајце
  • 1/2 шолја млеко
  • 2 лажици масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/2 шолја вода

Начин на подготовка:

  1. Во чинија за миксање ставете ја првата група состојки (брашно, шеќер, какао, сол, прашок за пециво и сода бикарбона).
  2. Во посебен сад измешајте ги состојките од другата група, додајте ја смесата во првата група состојки, па сè добро измешајте.
  3. Загрејте ја рерната на 180 степени, смесата ставете ја во калап, па печете околу 30-40 минути.
  4. Колачот исечете го на 12 парчиња и послужете кога ќе се излади. Секое парче има 200 калории.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

singlepost_text