Зеленчук прелиен со јајце, павлака и пармезан…
Состојки:
- 4 црвени пиперки
- 2 зелени пиперки
- 2 главици кромид
- 150 гр грашок
- 2 моркови
- 3 јајца
- 250 мл неутрална павлака
- 50 гр рендан пармезан
- сол
- бибер
- чили во прав
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Пиперките исчистете ги и исечете ги на парчиња. Кромидот сечете го на подебели парчиња, а морковите на тенки кругови. Процедете го грашокот (ако е од конзерва, а ако е замрзнат прво треба да го зготвите) и измешајте го со останатиот зеленчук. Наредете го зеленчукот во намастен плех или огноотпорен сад.
- Разматете јајца, додајте павлака и пармезан, сè посолете и побиберете. За оние кои сакаат луто додајте чили. Прелијте го зеленчукот и запечете го во рерна (околу 25 минути).
Добар апетит!
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи
Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка
Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак