Меки кременадли

Меки кременадли

Врвна комбинација на сочни кременадли и крокети од зеленчук.

Состојки:

  • 500 гр морков
  • 500 гр компир
  • 2 јајца
  • 1 лажица брашно
  • сол
  • бибер
  • мускатно оревче
  • 6 лажици масло
  • 4 кременадли
  • 2 лажици маст

Начин на подготовка:

  1. Ситно изрендајте ги морковите и компирите, па измешајте ги со јајца и брашно. Посолете, побиберете и зачинете со мускатно оревче.
  2. Загрејте ја рерната на 80 степени. Загрејте масло во тава, па со лажица вадете од смесата од зеленчук и спуштајте ги топчињата во врело масло. Пржете ги додека не поруменат. Добиените крокети извадете ги и оставете ги во рерна да не се изладат.
  3. Посолете го и побиберете го месото. Загрејте маст во друга тава и испрежете ги кременадлите.
  4. Сервирајте ги кременадлите и крокетите од зеленчук. Најдобар прилог за ова јадење е зелена салата.

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

 

singlepost_text