Сите лудувале за фамозната Одри Хепберн која била актерка, танчерка и голем филантроп. Меѓутоа, малкумина би го поврзале зборот готвач со неа, но тоа е огромна грешка бидејчи таа одлично готвела.Нејзиниот син ја опишал како некој зависен од добра храна, пренесува германскиот портал Делиш. Таа најмногу сакала тестенини, а ова биле нејзините омилени.
Направете ги и вие шпагетите на Одри:
Состојки:
- 1 главица кромид
- 2 главици лук
- 2 моркови
- 2 целера
- 2 домати
- 2 лажици маслиново масло
- 500 гр шпагети
- сол, босилек и пармезан
Подготовка:
- Во голема шерпа се ставаат лукот, кромидот, морковот кои се ситно сецкани на коцки, излупените домати, како и целерот и се додава маслиновото масло.
- Се става малку босилок за арома и се вари 45 минути.
- Кога сосот ќе биде готов, оставете го да се излади 15 минути.
- Во врела и солена вода ставете ги шпагетите и сварете ги.
- Исперете ги со вода за да не се лепат, а потоа ставете им од сосот со свеж босилек.
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин
Мусака со карфиол и мисиркино месо