ПОСНО ЈАДЕЊЕ: Кнедли од компири

ПОСНО ЈАДЕЊЕ: Кнедли од компири

Идеално се вклопуваат во комбинација со риба и салата!

Состојки:

  • 500 гр компир
  • 500 гр брашно
  • презла
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Сварете ги компирите со лушпа, излупете ги и испасирајте ги, посолете и замесете со брашно.
  2. Добро изработеното тесто растегнете го, па сечете го на квадратчиња и спуштајте ги во зовриена солена вода.
  3. Кнедлите се готови кога ќе почнат да испливуваат на површина.
  4. Извалкајте ги во презла и послужете!

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин