Овие колачиња се многу вкусни, но и здрави…
Состојки:
- 1 шолја јаткасти плодови (ореви, бадеми или лешници)
- 1 шолја суво овошје
- 1 шолја суви урми без коски
Начин на подготовка:
- Испечете ги јаткастите плодови, доколку се сирови. Едноставно, наредете ги на плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 180 степени 10 минути. Оставете ги да се изладат.
- Измешајте ги јаткастите плодови, сувото овошје и урмите и сомелете ги во блендер неколку минути.
- Смесата обликувајте ја во правоаголник помеѓу две хартии за печење и оставете ја да се излади во фрижидер најмалку еден час.
- Изладената смеса исечете ја по желба, послужете и уживајте!
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома