Гулаш со печурки

Гулаш со печурки

Со овој кисело-лут свински гулаш потребна ви е само свежа салата.

Состојки:

  • 600 гр свинско за гулаш
  • 2 лажици масло
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 3 домати
  • 1 жолта пиперка
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица сенф
  • 1 голем компир сварен во лушпа
  • 500 гр шампињони
  • 100 мл неутрална павлака
  • 4 лажици полномасен јогурт
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Свинското месо пропржете го на врело масло па извадете го.
  2. На истото масло пропжете кромид исечкан на поголеми парчиња, моркови исечкани на кругови, пиперка и домати. Налијте вода (околу 1/2 л), додајте зачин од сув зеленчук, измешајте сенф и на тивок оган динстајте 10 минути. Додајте го месото и динстајте уште 50 минути.
  3. Компирот излупете го и исечете го на коцки. Додајте го компирот и печурките во месото и се заедно крчкајте уште 10 минути.
  4. Разматете брашно со павлака, измешајте го во гулашот и оставете да зоврие. Потоа додајте јогурт и по желба зачинете со сол и бибер.

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк

Гурманска домашна плескавица

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо

 

singlepost_text