Љубителите на месо ќе уживаат во сочните парчиња вкусно говедско месо во црвено вино.
Состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 200 гр јунешки шницли
- 1 мала главица кромид
- 1 чешне лук
- прстофат оригано
- 1 чаша црвено вино
- 200 гр сечкан домат
Начин на подготовка:
- Загрејте маслиново масло на тава. Пропржете ги шницлите околу 2 минути, додека не добијат убава боја од двете страни. Извадете ги шницлите од тава, а потоа во тавата ставете сечкан кромид, ситно сечкан лук и оригано. Пржете околу 5 минути.
- Во пропржениот кромид додајте домат и вино и оставете да се крчка десетина минути. За тоа време исечкајте ги шницлите на коцки, па додајте ги во тавата и добро измешајте. Кога ќе ги ставите коцките месо, оставете да се крчка уште пет миути. По желба, послужете со тестенини или пржени компирчиња.
На здравје!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Фантазија рецепт: Крањска со зеленчук
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат