Едноставна и лесна, оваа пица има одличен вкус, а покрај тоа е и здрава!
Состојки за тесто:
- 300 гр брашно
- 1 1/2 дл млака вода
- 20 гр свеж квасец
- 2 лажички маслиново масло
- сол
Состојки за фил:
- 500 гр спанаќ
- 4 јајца
- 1 шолја кисело млеко
- масло
- бибер
- сол
- мускатно оревче
- 30 гр пармезан
Начин на подготовка:
- Издробете го квасецот (наместо свеж можете да употребите и 1 кесичка сув), додајте млака вода, брашно, маслиново масло и сол па замесете тесто. Ако е прегусто, додајте уште малку вода. Тестото треба да биде глатко и не смее да се лепи за раце.
- На намастен плех префрлете го тестото и растегнете го. Оставете го да отстои 15 минути.
- За тоа време сварете спанаќ во солена вода, исцедете го и исечкајте го.
- Од спанаќот, јајцата, киселото млеко и зачините направете фил и распоредете го по површината на тестото. Изрендајте пармезан на покрупни парчиња и ставете го од горе.
- Пицата треба да отстои околу 10 минути. За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени. Печете ја пицата 20 минути.
На здравје!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Повеќе рецепти за десерти тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки