Брз и лесен домашен рецепт со кој ќе го приготвите едно од највкусните јадење – прочуениот хот-дог.
Состојки:
- 1 кг меко брашно (тип 400)
- 40 гр свеж квасец
- 1/2 лажичка сол
- 100 гр маргарин
- 1 јајце
- 1 дл јогурт
- 4 дл млака вода
- 1 лажица масло
- жолчка за премачкување
- 10 виршли Пекабеско
Начин на подготовка:
- Растопете го маргаринот на тивок оган. Во водата растопетего квасецот, додајте сол, разматено јајце, јогуртот, маслото, растопениот маргарин и брашното, па замесете тесто. Оставете да нарасне и два пати премесете.
- Развлечете го тестото и со нож исечете 10 правоаголници. На секое парче ставете по една Пекабеско вришла (по вкус – пилешка, свинска или пилешка со кашкавал) и затворете го од сите страни.
- На намастена хартија за печење наредете ги хот-договите, па секој премачкајте го со разматена жолчка.
- Ставете ги да се печат во загреана рерна 35 минути додека да поруменат.
- Сервирајте,а по вкус можете да ги комбинирате со кечап, сенф или друг омилен додаток.
Добар апетит!
Повеќе рецепти со производите на Пекабеско погледнете ТУКА
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Солена торта со зеленчук, шунка и кашкавал
Пиперки со кулен и кајмак – Рецепт со кој ќе ги приготвите за 10 минути
Ремек дело во кујната: Леб од банана