МИНИ КОПИЈА НА САРМИ: Крцкави ќофтиња од расол и мелено месо!

МИНИ КОПИЈА НА САРМИ: Крцкави ќофтиња од расол и мелено месо!

Вкусните залаци неодоливо потсетуваат на омиленото јадење на Македонците…

Сосотјки:

  • 450 мелено месо (најдобро мешано)
  • 1 главица кромид
  • 450 гр расол, добро исцеден
  • 220 гр крем сирење
  • 2 шолји зачинета презла
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете исечкан кромид и мелено месо (околу 10 минути). Прженото месо процедете го и тргнете го на страна.
  2. Во месото додајте ситно исечкан и процеден расол и крем сирење. Сè добро измешајте. Покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер околу 2 часа.
  3. Во мал сад разматете јајца, а во друг сад ставете презла зачинета по желба. Од смесата со расол и мелено месо обликувајте ќофтиња, па извалкајте ги во јајца, па во презла и редете ги на плех обложен со хартија за печење.
  4. Печете ги ќофтињата во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути, додека убаво не поруменат.

На здравје!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки