Харинга со јаболко

Харинга со јаболко

Почувствувајте го вкусот на северните мориња. Јаболкото е тука за да го „разбие“ јакиот вкус на харингата.

Состојки:

  • 150 мл неутрална павлака
  • 200 гр кисела павлака
  • 2 лажици мајонез
  • 2 лажици оцет
  • 1 лажичка сенф
  • сол, бибер
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 кисело јаболко
  • 2 главици кромид
  • 4 дупли филети димена харинга

Начин на подготовка:

  1. Измешајте павлака и мајонез, измешајте оцет, сенф, сол и бибер по вкус и оставете да отстои во фрижидер најмалку 60 минути. Исечете го јаболкото на парчиња, а кромидот на кругови.
  2. Ставете филети харинга на чинија, прелијте ги со сосот и украсете ги по желба со јаболко и кромид.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text