Лесно и брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде!
Состојки:
- 500 гр кори
- 2 лажици маст
- 5 лажици млеко
Состојки за фил:
- 2-3 јајца
- 1 лажичка сол
- 2 павлаки
- 1 кисело млеко
- 1/2 кесичка прашок за пециво
Начин на подготовка:
- Со миксер разматете јајца, додајте ги останатите состојки – сол, павлака, кисело млеко и прашок за пециво, па измешајте со лажица додека не добиете изедначена смеса. Оставете го филот на страна. Со миксер разматете маст и млеко убаво да се соединат.
- Земајте една по една кора и мачкајте ги со маст (ставајте мала количина), па преку тоа 2-3 лаживи фил, виткајте ги корите во ролат, па редете ги во круг.
- Кога ќе завршите, сè премачкајте со малку маст и остатокот од филот. Ставете ја питата во претходно загреана рерна на 220 степени и печете додека не порумени. Кога ќе ја извадите од рерна, додека е жешка, премачкајте ја со кислеа павлака и оставете ја да се излади. Послужете со јогурт.
На здравје!
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта
Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици
ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути
Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута