Подгответе вкусни нугат крофни!
Состојки:
- 75 гр путер или маргарин
- 75 гр Нутела
- 50 гр шеќер
- 2 јајца
- 300 гр брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 100 мл млеко
- 100 гр чоколадо за готвење
- 10 гр путер
- разнобојни зрна за колачи
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Растопете Нутела и прелијте ја во чинија за мешање. Додајте шеќер во Нутелата и матете за смесата да стане пенаста. Додајте јајца, ендно по едно. Измешајте брашно и прашок за пециво, како и млеко. Сè изматете во изедначеното тесто.
- Во специјален плех за крофни, со 12 дупки или со 24 поситни, ставете хартиени корпички, па наполнете ги со тесто, така да бидат полни до 3/4. Печете во добро загреана рерна околу 15-20 минути. Извадете ги крофните од плехот и почекајте да се изладат на собна температура.
- Растопете чоколадо и измешајте путер. Разладените крофни премачкајте ги со чоколадо, а потоа украсете ги со зрна.
Уживајте!
Повеќе поврзани вести на Готви.мк
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат