БРЗ РУЧЕК: Превкусни ќофтиња со кашкавал

БРЗ РУЧЕК: Превкусни ќофтиња со кашкавал

Еве идеален предлог за ручек со мелено месо!

Ако немате време за готвење, а сепак сакате да направите вкусен ручек, овој предлог е за вас!

Состојки:

  • 1/2 кг мелено месо (најдобро мешано)
  • 100 гр кашкавал
  • 1 помала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 чаша сок од домати
  • 1 чаша павлака
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо додајте исечкан кромид и лук, сол и бибер по вкус. Добро измешајте и со влажни раце направете топчиња.
  2. Пржете ги во длабока тава со малку масло. Кога ќе поруменат, додајте измешан доматен сос со павлака и прелијте по ќофтињата. Благо измешајте.
  3.  Кога ќофтињата ќе бидат готови на нив ставете рендан кашкавал. Запечете ги уште десетина минути, па послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки