Еве како да направите традиционална гибаница

Еве како да направите традиционална гибаница

Уживајте во вкусот на домашна пита…

Состојки:

  • 500 гр кори за гибаница (дебели)
  • 500 гр бело сирење
  • 1 дл масло
  • 1 прашок за пециво
  • 3 јајца
  • 3 дл кисела вода

Начин на подготовка:

  1. Изгмечете го сирењето, па разматете јајца и додајте ги во сирењето. Во добиената смеса ставете прашок за пециво, 0,5 дл масло и измешајте за смесата да се соедини. Дополнително додајте прво половина, а потоа и цела чаша, ако е потребно, кисела вода, за масата да се разреди.
  2. Намастете тепсија. Остатокот од маслото измешајте го со 1 дл кисела вода.
  3. На дното од тепсијата наредете две кори и премачкајте ги со измешаното масло со вода. Потоа, земајте кора по кора и згужвани потопувајте ги во филот со сирење и јајца, па така натопени корите редете ги во тепсија една до друга. Водете сметака да не бидат премногу блиску една до друга и да не ги натопите во премногу фил. Кога ќе ја пополните тепсијата со згужвани кори, преклопете со уште две кори, наредени една преку друга.
  4. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 45 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки