Посни полнети пиперки – прсти да излижеш! (ВИДЕО)

Посни полнети пиперки – прсти да излижеш! (ВИДЕО)

„Бабина кујна“ донесува рецепт за посни полнети пиперки. Доколку ги пробате, секогаш ќе ги правите, тврдат оние кои веќе ги подготвиле.

Состојки:

  • 12-15 пиперки (може суви)
  • 200 гр варен ориз
  • 150 гр праз
  • 150 гр морков
  • 150 гр рендан компир
  • зачин
  • бибер
  • 2-3 лажици ајвар
  • 200 мл варен домат
  • 2 домати исечени на кругови
  • 100 мл масло
  • 4 чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Празот исечете го на тенки кругови па пропржете го на масло, додајте рендан морков, потоа рендан компир и сечкан лук, па сè издинстајте.
  2. Додајте варен ориз, ајвар, зачин, бибер. Сè добро изедначете и со таа смеса полнете ги пиперките (ако се суви, прво потопете ги во вода да отстојат околу 30 минути, исцедете ги и потоа полнете ги).
  3. На секоја полнета пиперка ставете круг сечен и излупен домат. Прелијте со малку масло и варен домат. Печете на 180 степени 30-40 минути, додека пиперките убаво не поруменат.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Солени палачинки

Палачинките на Леа

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка