Ќофте од интегрален ориз

Ќофте од интегрален ориз

Подгответе вкусни ќофтиња од интегрален ориз…

Состојки:

  • 200 гр интегрален ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 150 гр презла
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Интегралниот ориз измијте го и сварете го. Зготвениот ориз оставете го да се излади. Додајте ситно сечкан кромид, посолете, побиберете, додајте магдонос. Потоа додајте јајце и 100 гр презла. Со раце добро соединете ја смесата и обликувајте мали топчиња.
  2. Ќофтињата извалкајте ги во презла и пржете ги на масло. Пржените ќофтиња ставете ги на хартиена салфета, па послужете.
  3. Овие ќофтиња од ориз одлично одат со јадење од месо.

Повеќе рецепти на Готви.мк

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо

 

 

singlepost_text