Кога ќе посакате баклава, а сите знаеме дека за неа треба малку повеќе време и материјал, тогаш направете го овој колач. По вкус како да јадете баклава, а готов е за најмногу 30 минути.
Состојки:
- 4 јајца
- 2 шолји шеќер
- 1 шолја масло
- 1 шолја млеко
- 1 шолја гриз
- 1 шолја остро брашно
- 2 шолји мелени ореви
Состојки за прелив:
- 0,5 л вода
- 2 шолји шеќер
Начин на подготовка:
- Пенесто измешајте јајца со шеќер, па додајте ги останатите состојки. Ставете ја смесата во тепсија и печете околу половина час.
- Жешкиот колач прелијте го со преливот кој ќе го направите така што ќе сварите вода со шеќер додека не се растопи.
- Посипете со мелени ореви, послужете и уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути