Засладете го дружењето со пријателите со кафе и вкусен десерт.
Состојки:
- 250 гр путер
- 280 гр брашно
- 3 лажички прашок за пециво
- 250 гр шеќер
- 4 јајца
- 150 мл јогурт
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка какао
- 100 мл јако кафе
Состојки за прелив:
- 140 гр шеќер во прав
- 350 гр маскарпоне или некое друго несолено сирење
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 180 степени. Во плех за печење ставете хартија за печење.
- Разматете путер, брашно, шеќер, прашок за пециво, јајца, јогурт, ванила, какао и половина од подготвеното кафе. Хомогената смеса потоа ставете ја во плех и печете околу 30-40 минути (со чепкалка проверете дали колачот е печен). Пропрскајте со остатокот од кафето и оставете да се излади.
- Разматете сирење со шеќер во прав и со тоа исфилувајте го изладениот колач. Колачот украсете го по желба (со какао, бонбончиња со кафе…)
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта