Брзи чоколадни кекси

Брзи чоколадни кекси

За сите љубители на чоколадо – неодоливи кекси кои заведуваат со својот вкус.

Состојки:

  • 225 гр темно чоколадо, исечкано
  • 3 лажици путер
  • 3/4 шолји брашно
  • 1/4 лажички прашок за пециво
  • 2 јајца
  • 1/2 шолја кафеав шеќер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. На умерен оган или во микробранова печка растопете путер и чоколадо и оставете да се излади.
  3. Во голем сад измешајте брашно и прашок за пециво.
  4. Во друг сад разматете јајца и шеќер.
  5. Измешајте ја смесата со јајца и со чоколадо. Потоа додајте брашно и сè добро измешајте.
  6. Од смесата со лажица ставајте на плех обложен со хартија за печење, но водете сметка топчињата да не бидат премногу блиску бидејќи во печењето ќе се подигнат.
  7. Печете ги кексите околу 11 минути. Оставете ги во плех 2 минути откако ќе ги извадите од рерна, па префрлете ги на послужавник или чинија и оставете ги да се изладат.
  8. Послужете и уживајте!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Конечно: Највкусниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет – колач без печење, совршен за горештините

Торта „Мрзлива домаќинка” – смешно име, одличен вкус

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ледено уживање – Брз десерт во чаша