Оваа хранлива чорба е идеална за студените денови што следат…
Состојки:
- 400 гр компир
- 1 главица кромид
- 300 гр боранија
- 2 лажици маслиново масло
- 200 гр доматен сос
- сол, бибер
- зачин од сув зеленчук
- малку шеќер
- 4 лажици слатка павлака
Начин на подготовка:
- Излупете го компирот и исечете го на големи коцки. Исечкајте кромид. Боранијата пресечете ја на половина.
- Загрејте масло во тенџере и издинстајте ги компирот, кромидот и боранијата. Налејте вода и гответе околу 25 минути. Посолете и побиберете, додајте зачин од сув зеленчкук, доматен сос и малку шеќер. Кога ќе зоврие тргнете го тенџерето од оган.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт