ЗА СИТЕ ПРИЛИКИ: Фета салата со краставици и ореви (ВИДЕО)

ЗА СИТЕ ПРИЛИКИ: Фета салата со краставици и ореви (ВИДЕО)

Совршената салата послужете ја со месо или едноставно намачкајте ја на леб или крекери и уживајте.

Прилогот од фета сирење, краставици, ореви, мајонез и павлака сигурно ќе ја надополни вашата трпеза во сите прилики! А вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 2 средни краставици
  • 1 кисела павлака
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр мајонез
  • 250 гр фета сирење
  • 50 гр мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Фета сирењето издробете го, додајте мајонез, павлака, ситно сечкан лук и мелени ореви.
  2. Сè добро измешајте за смесата да се изедначи.
  3. Краставиците излупете ги, но можете да оставите и малку зелен дел да бидат декоративни. Измешајте ги со мешавината од сирење и останати состојки.
  4. Салатата најдобро е да отстои неколку часа, за краставиците да пуштат арома и сите состојки добро да се поврзат.

Повеќе на Готви.мк:

ЛЕСНО И БРЗО: Домат чорба со кнедли

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула