Исклучително вкусно и здраво јадење!
Состојки:
- 1 тиква со средна големина
- 300 гр мелено месо
- 100 гр ориз
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 морков
- 200 гр кашкавал
- маслиново масло
- сол, бибер
Начин на подготовка:
- Измијте ја тиквата, отсечете го врвот и издлабете ја. Месото од тиквата исчистете го од семки и исечете го на коцки.
- Обварете го оризот.
- Кромидот и морковот ситно исечкајте ги и пропржете ги на масло. Додајте изгмечен лук и мелено месо. Сè зачинете и продинстајте. На крај додајте ги коцките тиква и измешајте.
- Наполнете ја тиквата со подготвениот фил и поклопете со отсечениот врв.
- Во плех ставете хартија за печење и печете ја тиквата на 250 степени околу 1 час. По потреба додавајте вода во плехот.
- По еден час отстранете го поклопот и посипете со изрендан кашкавал. Вратете ја тиквата во рерна да се запече (околу 10 минути).
- Послужете топло.
Добар апетит!
Повеќе поврзани вести на Готви.мк:
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт