Направете обланди со вкусен есенски фил од смокви.
Состојки:
- 1 пакување обланди
- 200 гр чоколадо
- 200 мл слатка павлака
- 250 гр смокви
- 5 лажици шеќер
- 2 лажици мармалад
Подготовка:
- Чоколадото и слатката павлака ставете ги на оган и истопете ги, но внимавајте да не зовријат.
- Смоквите во меѓувреме половина час варете ги со шеќерот во друго тенџере, па двете смеси иситнете ги во блендер.
- Ставете го и мармаладот и мешајте во блендерот додека смесата не стане хомогена.
- Обландите се мачкаат со филот и се ставаат во ладилник.
ЛЕСНО И БРЗО: Домат чорба со кнедли
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Повеќе рецепти за десерти тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула