Исфрлете ги сите пијалаци освен водата: Резултатот ќе ве изненади!

Исфрлете ги сите пијалаци освен водата: Резултатот ќе ве изненади!

Дури третина од дневните калории во телото ги внесуваме во течен облик – од кафе и млечни напитоци до сокови и алкохол.

Но, што се случува со организмот ако на месец дена се откажеме од таквите пијалаци и пиеме само вода, евентуално чај без шеќер? Резултатите се неверојатни, тврди истражувачот Крис Баили, кој направил ваков експеримент, пишува Експрес.

Во него ја потврдил добробитта на водата, како најприроден пијалак кој му е потребен на нашето тело. Ова се ефектите на организмот кој ги докажал:

Конзумирате помалку калории

Шолја чај со шеќер содржи околу 150 калории, додека големо кафе со млеко и шеќер има околу 250 калории, а половина литар сок има околу 300 калории. Баили запишувајќи ги калориите, без да менува ништо друго во прехраната освен пијалаците, открил дека внесот на дневни калории го намалил за петина, во зависност од денот. На крај на експериментот ослабнал два килограми, без никаков напор.

Го контролира апетитот

Баили забележел дека неговиот апетит е значително поконтролиран кога пие само вода. За тоа може да му се заблагодари на полвното делување на водата која предизвикува чувство на поголема ситост.

Мозокот работи подобро

За работата на мозокот многу е важно телото да биде хидратизирано. Во спротивно се јавуваат главоболки, пад на концентрацијата и замор, а Баили забележал значително помалку главоболки и замор во тие месеци.

Заштедувате пари

Дури и ако не користите вода од чешма и купувате флаширана, повторно ќе поминете поевтино отколку со други пијалаци.

Подобро варење на храната

Со пиењето вода, го подобрувате и метаболизмот.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

singlepost_text