Вкусен пилешки џигер по најдобар рецепт, доволен за две лица. За еден час ќе имате супер јадење на трпеза.
Состојки:
- ½ кг пилешки џигер
- 2 лукчиња
- 2 лажици магдонос
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажица оцет
- 2 лажици масло
- сол и бибер
Подготовка:
- Се вари џигерот во вода со една лажица оцет, а во меѓувреме се пржи лукот на тава со масло, и се додаваат сокот од лимон и сол и бибер.
- Додадете го и магдоносот и измешајте ја смесата, па ставете го џигерот во неа.
- Гответе 10 минути.
- Уживајте!
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин
Мусака со карфиол и мисиркино месо