Овој намаз може да послужи и како замена за оброк!
Состојки:
- 250 гр чадена риба (пастрмка, скуша или лосос)
- 100 гр крем сирење
- 1 лажичка рендана кора од лимон
- 2 лажици павлака
- 1 лажичка сок од лимон
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Чадената риба исечкајте ја на мали парчиња, па со останатите состојки ставете ја во блендер и блендирајте до саканата густина.
- Потоа посолете и побиберете по вкус.
- Послужете на листови салата, со крекери или крцкаво пропржен леб.
На здравје!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт