На ова сочно желе, нането му дава посебна арома!
Состојки:
- 1 л сок од јаболко
- 3 лажици сок од портокал
- 1 кесичка џемфикс
- 2 гранчиња нане
- 9 каранфилчиња
- 400 гр шеќер
Начин на подготовка:
- Сокот од јаболко, шеќерот, каранфилчињата и џемфиксот ставете ги во тенџере. Садот ставете го на оган и гответе околу 5 минути, непрекинато мешајќи.
- Извадете ги каранфилчињата и додајте измиени, ситно исечкани листови нане и сок од портокал.
- Смесата ставете ја во чисти суви тегли.
- Веднаш добро затворете и држете ги околу 5 минути свртени наопаку. Оставете ги да се изладат.
Послужете и уживајте!
Вакво нешто не сте јаделе: Топол сендвич со банани и нутела
Ќе ви годи летово: Сладолед со омилениот нутела крем
Седумдневна диета со вашата омилена храна
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Како да ослабете според хороскопскиот знак?