Освежувачки и сладок, овој колач е одличен десерт без брашно.
Состојки:
- 220 гр бадеми
- 8 лажици шеќер
- 4 јајца
- 5 лажички рендана кора од лимон
- 1/2 лажичка цимет
- прстофат сол
Начин на подготовка:
- Рерната загрејте ја на 180 степени. Во плех ставете хартија за печење или малку посипете го со масло и брашно.
- Бадемите и 2 лажици шеќер сомелете ги во блендер.
- Измешајте жолчки, 2 лажици шеќер, кора од лимон, цимет и сол. Сè добро измешајте, а потоа додајте мешавината со бадеми.
- Од белките направете снег, постепено додавајќи 4 лажици шеќер. Полека додајте го снегот од белки во подготвената смеса. Внимателно измешајте.
- Смесата префрлете ја во плех и печете ја во загреана рерна 35 минути. Со чепкалка проверете дали колачот е печен.
Послужете и уживајте!
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега