Рецептот за ова ќофте го погледнале 173 милиони луѓе! Еве зошто…

Рецептот за ова ќофте го погледнале 173 милиони луѓе! Еве зошто…

Ќофтињата секогаш се добар избор за вкусен оброк, но вакво нешто сигурно не сте пробале. Цел свет е воодушевен!

Состојки:

  • 1 пакување моцарела сирење
  • 450 гр мелено месо
  • 450 гр лути колбасици (мелени)
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 шолја презла
  • 1/4 шолја пармезан
  • 2 јајца
  • 1/2 шолја млеко
  • 1/2 шолја сечкан магдонос
  • тегла доматен сос

Начин на подготовка:

  1. Моцарелата исечкајте ја на коцки, па ставете ги во фрижидер додека ги подготвувате ќофтињата.
  2. Потоа во една чинија измешајте мелено месо, лути колбасици, лук, сол, бибер, презла, пармезан, јајца, млеко и магдонос, па добро замесете.
  3. Од таа смеса обликувајте ќофтиња, па во средината на секое ќофте ставете коцка моцарела.
  4. Во тепсија ставете една тегла доматен сос, па подредете ги ќофтињата и ставете ги да се крчкаат во „slow cooker“ два до два и пол часа на слаб оган. Можете да ги наредите и на тепсија со поклоп и да ги печете во рерна.
  5. Кога ќофтињата ќе бидат готови, извадете ги од сосот, пресечете и во средината ќе пронајдете вкусна растопена моцарела. Не е ни чудо што сите полудеа по овој рецепт!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте