Класика на италијанската гастрономија… Вистинско богатство од медитерански ароми.
Состојки за тесто:
- 1/2 коцка квасец
- 250 гр брашно
- 2 лажици маслиново масло
- сол
Состојки за фил:
- 700 гр домати
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица доматно пире
- 1/2 лажичка оригано
- 300 гр моцарела
- 2 лажици крупно сечкан босилек
Начин на подготовка:
- Издробете квасец и измешајте го со 125 мл топла вода. Оставете го да отстои 15 минути. Измешајте го квасецот со брашно, масло и лажичка сол. Тестото оставете го на топло место околу 45 минути.
- Сите домати, освен еден, излупете ги и исечете ги на коцки. Исечкајте кромид и лук, па пропржете ги на лажичка масло. Додајте ги доматите и доматното пире, гответе 15 минути. Додајте оригано, сол и бибер по вкус. Останатиот домат исечкајте го на кругови, како и моцарелата.
- Загрејте ја рерната на 220 степени, кратко замесете тесто, обликувајте голема пица (пречник 24 см), па поставете ја на намастен плех. Премачкајте ја со сос, наредете ги круговите домат и моцарела, прелијте со лажица масло и печете 25 минути. Посипете со босилек.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Повеќе рецепти за десерти тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки