Овошен колач кој морате да го пробате, идеален за секое годишно доба!
Состојки за кора:
- 450 гр брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 250 гр маргарин
- 75 гр шеќер
- 2 лажици кисела павлака
- 5 жолчки
Состојки за фил:
- 5 белки
- 150 гр шеќер
- 2 пудинга од ванила
- 6 лажици масло
- 400 гр овошје
- 3 лажици гриз
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете шеќер и омекнат маргарин. Додајте кисела павлака и жолчки. Постепено додавајте брашно и прашок за пециво и замесете тесто. Тестото ставете го во фрижидер на 20-30 минути.
- Замрзнатото овошје измешајте го со 3 лажици гриз. Белките разматете ги во цврст снег, постепено додавајќи шеќер и ванилин шеќер. Потоа додајте пудинг во прав и масло, па матете со најмала брзина на миксерот.
- Тестото извадете го од фрижидер и поделете го на два дела, 1/3 и 2/3. Развлечете го поголемото парче на побрашнета површина во големина на плехот во кој тестото ќе се пече. Плехот обложете го со хартија за печење и во него ставете го растегнатото тесто.
- Потоа ставете половина од филот и проредете половина од овошјето, повторно фил, па остатокот од овошјето.
- Другиот дел од тестото растегнете го и исечете го на ленти. Лентите подредете ги преку овошјето и формирајте мрежа.
- Питата печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома