Можеби ќе ви се чини малку комплициран, бидејќи прво треба да направите „стартер“- тесто кое на багетот му дава крцкава структура, сепак ви го препорачуваме овој рецепт за неодолив домашен француски багет…
Состојки за „стартер“:
- половина лажица сув квасец
- половина шолја вода на собна температура
- 1 шолја брашно
Состојки за багет:
- 1 шолја млака вода
- 1 лажичка сув квасец
- половина килограм брашно + брашно за посипување
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Замесете ги состојките за „стартер“ тесто – брашно, квасец и вода. Почекајте да отстои преку ноќ или минимално 6 часа. Ќе добиете тесто полно со меурчиња.
- Во посебна чинија замесете ги состојките за багет. Ако треба додајте брашно или вода. Додајте го и „стартер“ тестото и премесете. Оставете го тестото на топло и прекријте го. По 1 час премесете. Потоа оставете го да мирува, па повторно премесете.
- Тестото побрашнете го и распоредете го на 3 еднакви топчиња.
- Топчињата развлечете ги во должина и обликувајте багети.
- На плех ставете хартија за печење, ставете ги багетите, засечете ги неколку пати. Оставете ги да отстојат еден час прекриени со кујнска крпа.
- Печете додека не поруменат на 200 степени во претходно загреана рерна.
Поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек
Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук
ВИДЕО: 3 брзи видео рецепти за пица