Ова е најдобриот фил за обланди, а еве и како да го направите!

Ова е најдобриот фил за обланди, а еве и како да го направите!

Дури и почетниците во светот на кулинарството со овој рецепт брзо и лесно ќе направат неодолив чоколаден карамел фил кој ќе го обожавате.

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 500 гр шеќер
  • 50 гр чоколадо
  • 200 гр маргарин
  • 4 листови обланда
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Во поголемо тенџере ставете млеко, додајте шеќер и ставете на шпорет да се готви. Среде готвење додајте чоколадо и маргарин како и малку сол и гответе на слаб оган додека не се претвори во карамел и згусне.
  2. Тргнете го тенџерето од оган, и со смесата премачкајте три листови обланди (од оној дел со дупчиња). Со четвртиот лист покријте. Преку обландата можете да ставите прелив од чоколадо.
  3. Обландите притиснете ги и оставете ги да стегнат и да оладат.
  4. Сечете на парчиња и послужете.
  5. Уживајте во неодоливиот вкус!

Повеќе на Готви.мк:

Видео: Како да излупиме лук, јајце и банана

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

 

 

singlepost_text