Штрудла со шумско овошје и пудинг

Штрудла со шумско овошје и пудинг

Освен шумско овошје, за подготовка на овие штрудли можете да изберете и друго овошје – јагоди, вишни, малини…

Состојки:

  • 2 кори лиснато тесто
  • 450-500 гр шумско овошје (смрзнато или свежо)
  • малку кекс или презла
  • 250 гр шеќер
  • пудинг од малини (јагоди, боровници, ванила…)
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • кора од лимон
  • цимет

Начин на подготовка:

  1. Одмрзнатото шумско овошје измешајте го со 2 дл вода, 250 гр шеќер и ванилин шеќер, па ставете го да се готви.
  2. Кога шеќерот ќе се растопи, овошјето извадете го, а во сварениот сируп додајте го пудингот измешан со неколку лажици вода. Разладете, па половина од смесата ставете ја на растегната кора лиснато тесто. Посипете со иситнет кекс (или презла), прекријте со половина од шумското овошје, по желба посипете малку цимет, кора од лимон и ванилин шеќер. Замотајте, ставете во тепсија на хартија за печење.
  3. Повторете ја постапката и со другата кора. Пред печење по штрудлата ставете листови путер. Печете на 180 степени околу 40 минути. Додека штрудлата е се уште топла посипете ја со шеќер во прав.
  4. Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса