Има ли спанаќот доволно железо за мускули како на Попај?!

Има ли спанаќот доволно железо за мускули како на Попај?!

Често родителите ги приморуваат своите деца да јадат спанаќ, бидејќи сметаат дека има многу железо. Но, овој зелен зеленчук не е толку богат со железо како што досега се верувало, тврдат германските научници.

„Тоа е една од најпознатите нутриционистички грешки“, вели Хелга Струбе од Германскиот сојуз на нутриционисти.

По спроведениот тест за количината железо во спанаќот, некој тогаш погрешно евидентирал дека во секои 100 грма во тој вид зеленчук има од 35 до 40 милиграми.

„Точниот податок е 3,5 до 4 милиграми“, вели Струбе. „А тоа не е доволно за мускули како на Попај“.

Покрај тоа, железото од билки како спанаќ не е толку ефикасно во организмот како она од месото.

„И по правило ниту една намирница не може сама да поттикне раст на мускулите“, истакнува Струбе.

Поврзани вести на Готви.мк

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо