Ново совршенство од рецепт кое ни го испраќа Александра Стојановска Бизевска. Направете сахер торта од вашата кујна по рецептот на врвните виенски мајстори. Погледнете и прочитајте како:
Состојки:
- 7 јајца
- 150 гр путер
- 120 гр шеќер во прав
- 150 гр чоколадо
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 120 гр шеќер
- 1 прстофат сол
- 160 гр брашно
- 400 гр џем од кајсии
Состојки за глазура:
- 1 чоколадо 85% какао
- 160 мл вода
- 150 гр шеќер
- 1 хопла за декорација
Начин на приготвување:
- Се одделуваат белките од жолчките. Се мати омекнатиот путер со миксер и во него се додава шеќерот во прав. Се миксира. Во таа смеса се додаваат жолчките (една по една) и екстрактот од ванила.
- На пареа се растопува чоколадото и миксирајќи се додава во смесата со путерот.
- Во неизматените белки се додава прстофатот сол. Се миксира. Миксирајќи се додава шеќерот. Се миксира до добивање на мека шлаг смеса. Постепено се спојува со претходната смеса и се промешуваат.
- Во таа споена смеса се додава брашното и се промешува. Смесата се истура во тава со пречник што се вади, 23см.
- Се пече на 180 степени околу 45-50 мин. Се вади и се превртува на хартија за печење. Се сече на пола.
- Се премачкуват со џемот од кајсии двете половини и се спојуваат. Се премачкува одозгора и целата торта со тенок слој џем. Се става на решетка под која сеуште стои и хартијата за печење, поради што ќе се филува и да се заштити површината поради течење на глазурата.
- Се остава да се исуши некоја минута. Во тенџере заедно се зовриваат 160 мл вода и една лажица шеќер. Откога ќе зоврие смесата, се додава чоколадото од какао. Се соединува смесата до средна густина. Така соединета се истура врз тортата.
- Почекајте смесата да се стврдне околу 1,5 час. Се декорира со изматената хопла.
Фото галерија од подготовката на сахер тортата:
Прочитај повеќе рецепти за десерти на Gotvi.mk:
Македонска традиционална алва – Маестрален, а лесен рецепт
Вакво нешто не сте јаделе: Топол сендвич со банани и нутела
Ќе ви годи летово: Сладолед со омилениот нутела крем
Седумдневна диета со вашата омилена храна
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Како да ослабете според хороскопскиот знак?