Ќе ве освои аромата на кафе и крцкавата структура на оваа едноставна торта.
Состојки:
- 250 гр маргарин
- 6 јајца
- 250 гр шеќер
- 200 гр црно чоколадо за готвење
- големо пакување кекс – 500 гр
- 250 гр шеќер во прав
- 1/2 л јако црно кафе
Начин на подготовка:
- Белките одвојте ги од жолчките. Жолчките разматете ги заедно со половина од количината шеќер, да бидат пенасти, и гответе ги на пареа, додека не згуснат. Кога тоа ќе се излади, додајте разматен маргарин заедно со останатата половина шеќер. Соединете ги маргаринот и жолчките и во таа смеса додајте растопено чоколадо.
- Белките разматете ги во снег и постепено додавајте ги во кремот со жолчки, мешајќи со дрвена лажица.
- Згответе црно или филтер кафе, околу половина литар, и во него натопете го кексот. Редете еден ред кекс, еден ред фил. Тортата потоа декорирајте ја по желба.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега