Збогатете ги своите специјалитети со пикантен тако сос.
Состојки:
- 220 гр доматен сос
- 1/4 шолја вода
- 1/4 лажичка мелена лута пиперка
- 1 лажичка ким
- 1 мала главица кромид, ситно сечкан
- 1/2 лажичка лук во прав
- 1 лажичка вински оцет
- малку сол
- 1/4 лажичка мелена пиперка
- 1/4 лажичка шеќер
- 1/4 лажичка бибер
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сите состојки во блендер.
- Ставете ја смесата во тава и гответе на умерена температура околу 15 минути.
- Сосот можете да го додавате во јадења топол или ладен.
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири
Најдобар рецепт за домашно ќофте