Ако ви здодеа од вообичаените пити со месо, сирење,зелка, компир или спанаќ, ви нудиме нов деликатес. Засукајте ги ракавите и да почнеме:
Состојки:
- 2 јајца
- 90 мл јогурт
- 180 гр брашно
- 40 гр масло
- 1 лажица интегрално брашно
- 150 гр квасец
- 10 шери домати
- 1 тиквичка
- 80 гр урда
- сол
Подготовка:
- Ја рендаме тиквичката, ја посолуваме и ја оставаме во сад, а во друг сад ги матиме јајцата.
- Го додаваме маслото, јогуртот, квасецот, тиквичката, урдата и брашното заедно со интегралното брашно.
- Смесата ја ставаме во тава. Одозгора ги редиме шери доматите.
- Печеме околу 15 минути на 200 степени.
- Послужете со јогурт.
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин