НЕОБИЧНА САЛАТА: Печено цвекло со сусам

НЕОБИЧНА САЛАТА: Печено цвекло со сусам

Рецепт за највкусната, најсочната и најздрава салата од цвекло.

Досега сте слушнале за салата од свежо или варено цвекло, но дали сте пробале салата од печено цвекло? Еве рецепт:

Состојки:

  • 5 цвекла
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол
  • оцет
  • 4 чешниња лук
  • 2 лажици сусам

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 220 степени.
  2. Измијте ги и излупете ги цвеклата. Ставете ги на плех обложен со фолија. Пропрскајте ги со маслиново масло и посолете ги. Потоа свиткајте ги во фолијата. Намалете ја температурата на 200 степени и печете го цвеклото околу 1 час.
  3. Кога ќе го извадите од рерна и кога малку ќе се излади, цвеклото исечете го на ленти и посипете го со сечкан лук, сусам и оцет по желба.

Послужете и уживајте!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Црвена здрава чинија: Направете чорба од цвекло

Освежително и здраво: Смути од шумски плодови и цвекло

Домашен рецепт со кој повеќе нема ни да помислите на цвекло од тегла

Релаксирајте се: Чај кој ги опушта мислите и мускулите

Смути на денот: Моркови во чаша

Чајот од шипка како лек

Царот на овошните сокови: Зошто треба да пиете сок од јаболка?

Слабејте и уживајте: Смути со јаболка идеално за најавените горештини

singlepost_text