Нема ништо поубаво од мирисот на домашно пециво…
Состојки:
- 600-700 гр брашно
- 30 гр квасец
- 100 гр маргарин
- 1/2 прашок за пециво
- сусам и семки
- 1 лажица шеќер
- сол
- 3 јајца
- 200 гр фета сирење
- 100 гр масло
- 1 кисело млеко
Начин на подготовка:
- Квасецот растворете го во малку млеко и додајте шеќер. Кога ќе се растопи додајте 2 јајца и малку разматете ги. Млако млеко измешајте со кисело млеко и додајте го во квасецот. Потоа додајте масло, брашно, сол и прашок за пециво. Сè добро измешајте и додавајте брашно, па замесете тврдо тесто. Тестото ставете го во чинија и покријте го, оставете го да нарасне на топло.
- Премесете и развлечете го тестото на дебелина околу половина сантиметар во правоаголник. Сечете коцки. Секоја коцка исечете ја на ленти (како во видеото).
- Свиткајте кроасани и редете ги во плех на кој претходно сте ставиле хартија за печење.
- Кифлите намачкајте ги со жолчка и посипете ги со семки. Оставете ги да нараснат и печете ги на 180 степени од 20-30 минути.
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Ви остана лиснато тесто во кујна? – Направете брз и вкусен десерт
Едвај ќе се воздржите додека да вкусите: Десерт чоколадна лава