Бело уживање: Посни рафаело топчиња

Бело уживање: Посни рафаело топчиња

Направете посни рафаело топчиња кои имаат богат вкус и арома.

Состојки:

  • 125 гр маргарин 
  • 125 гр шеќер во прав 
  • 4 лажици шеќер 
  • 100 гр лешници 
  • 250 гр кокос 
  • 250 мл вода 
  • 3 лажици густин

Подготовка:

  1. Водата и шеќерот се оставаат да зовријат, а густинот го матиме со малку вода па го додаваме.
  2. Се додава маргаринот изматен со шеќерот во прав. 
  3. Се додава и кокосот и се се мати. 
  4. Се прават топчиња и во секое се става лешник. 
  5. Се валкаат во кокос.

Повеќе на Готви.мк:

Видео: Како да излупиме лук, јајце и банана

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција